
Арсовска во Истанбул ја потпиша ратификацијата за Европските младински олимписки игри во Скопје во 2025 година
08/10/2023
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СТИПЕНДИИ НА СРЕДНОШКОЛЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТИ, УЧЕНИЦИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА УЧЕБНАТА 2023/2024 ГОДИНА
04/11/2023
Јавен повик за доделување финансиски средства за обезбедување на термос инсулински торби со фреон за деца со дијабет до 18 години
- Предмет на јавниот повик:
Предмет на јавниот повик е доделување финансиски средства за обезбедување на термос инсулински торби со фреон за деца со дијабет до 18 години кои се на инсулинска терапија.
Финансиските средства се обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2023 година.
- Приоритети на Програмата и видот на проектот кој ќе биде поддржан:
Во рамките на овој Јавен повик, проектот кој ќе биде финансиски поддржан од страна на Град Скопје, треба да се однесува на Приоритетната цел 5 која е дефинирана во Програмата за активностите во областа на социјална, детска и здравствена заштита во град Скопје за 2023 година (Програмата е достапна на веб страната на Град Скопје www.skopje.gov.mk ).
III. Временска рамка и користење на средства
Начинот на користењето на средствата за 2023 година, како и временската рамка ќе бидат уредени со договор помеѓу апликантот и Град Скопје.
IV.Основни критериуми
Основни критериуми кои треба да ги исполнуваат апликантите кои учествуваат на овој Јавен повик се:
– Да се регистрирани во Централниот регистар на Република Северна Македонија, жители на град Скопје;
– Да се занимаваат со активности и проекти од јавен интерес минимум две години;
– Финансиски план – спецификација на трошоците, единечна цена по торбичка, спецификација на торбичката.Услови за аплицирање на корисници на инсулинските торбички:
а) дијагноза
б) возраст- до 18 години
в) доказ за жителство на Скопје
- Задолжителна документација за аплицирање
– Пријава за финансиска поддршка на апликантот, потпишана и заверена со печат од овластено лице (достапна на веб страната на Градот Скопје www.skopje.gov.mk);
– Пополнет Образец за предлог проект (достапен на веб страната на Градот Скопје www.skopje.gov.mk);
– Решението за регистрација на Апликантот;
– Извештај за добиените средства од Буџетот на Град Скопје во изминатата фискална година и начинот на нивната реализација (доколку апликантот бил корисник на средства доделени од Буџетот на Град Скопје за претходната година);
– Фотокопија од завршната сметка за претходната фискална година;
– Уверение за платени даноци издадено од даночните органи.
НАПОМЕНА: Пријавите кои не ја исполнуваат комплетноста на задолжителната
документација не се разгледуваат понатаму.
- Придружна документација:
Апликантите во прилог може да ја достават и следнава придружна документација:
- Професионална биографија на стручните лица кои ќе бидат ангажирани во реализација на проектот;
- Референтна листа или доказ (пример: потпишан договор) за најмалку 2 проекти реализирани во областа за која што се аплицира;
- Најмалку 2 мислења (референци) од партнери или донатори за реализација на претходни проекти;
- Писмена поддршка од други организации и/или институции за кои е планирано да земат учество во реализицијата на проектот.
За исполнувањето на условот и општите критериуми од точка 4 од повикот,
Градоначалникот на Град Скопје формира Комисија за доделување финансиски
средства за обезбедување на термос инсулински торби со фреон за деца до 18 години кои се на инсулинска терапија, жители на Град Скопје. За пријавите кои се
комплетни, навремени и ги исполнуваат критериумите од точка 4, Комисијата дава предлог до Градоначалникот за доделување на финансиски средства на апликантите.
Градоначалникот на Град Скопје по предлог на Комисијата донесува Решение за
доделување на финансиски средства.
Уредувањето на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни по основ на финансирање за реализација на активностите од проектот прецизно ќе бидат дефинирани во договорот кој ќе биде склучен помеѓу договорните страни.
Комисијата ги известува подносителите чии пријави се отфрлени како некомплетни, ненавремени и кои не ги исполнуваат критериумите од точка 4 од повикот.VII. Рок и начин на доставување на пријавите
Крајниот рок за поднесување на пријавите е 20.11.2023 година, до 15:00 часот.
Пријавите со целокупната документација се доставуваат по пошта на адреса: Град Скопје, Одделение за социјална, детска и здравствена заштита, бул. “Илинден“ бр. 82, 1000 Скопје или во архивата на Град Скопје, барака 16 (со назнака – Одделение за социјална, детска и здравствена заштита – Пријава за јавен повик). Пријавите доставени по e-mail нема да бидат разгледувани.
Пријавата за финансиска поддршка на Апликантите , како и Образецот за предлог – проект се достапни на интернет страната на Град Скопје www.skopje.gov.mk.
Учесниците на Јавниот повик ќе бидат известени за резултатите во рок од 15 дена од денот на донесување на Решение за распределба на средства од Буџетот на Град Скопје за 2023 година.
Напомена: Пријавите без комплетна приложена документација или доставени по
истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат! Доставените прилози не се
враќаат.
За дополнителни информации:
Прашања за појаснување може да се поставуваат писмено или по електронски пат до Одделението за социјална, детска и здравствена заштита.
Контакт: Одделение за социјална, детска и здравствена заштита, тел: 02/ 3297 278 и 02/ 3297 321 ; Е-маил адреса: socijala@skopje.gov.mk.